Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на 39. Охридски пливачки маратон на традиционалната патека „Климе Савин“. Тој ја исплива 25-километарската делница од Свети Наум до Охрид за 5 часа, 3 минути и 44 секунди.

Второто место му припадна на неговиот сонародник Николо Ричарди. Голем успех постигна 17-годишниот македонски пливач Петар Цеков, кој го освои третото место во силната конкуренција.

Во женска конкуренција повторно славеше Аргентинката, Матје Ален Пука со време од 5 часа, 20 минути и 46 секунди.

Манифестацијата се одржа под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Наградниот фонд за најуспешните пливачи изнесуваше 15 илјади долари.