Првата надеж на медал на Македонија од Медитеранските игри во Таранот, Италија пропаднаа. Нашата фаворитка на одличје таеквондистката Милијана Рељиќ не успеа да избори место во полуфиналето.

Мила која во категоријата 57 килограми, во првата борба со 2-0 ја победи Италијанката, Џовани Паоло, во втората загуби. Подобра од Македонската во двете рунди беше Шаима Тоуми од Тунис.

Претходно елиминација уште во осминафиналето доживеа и Христијан Симоновски.

Сега надежта за медал во овој спорт, останува во настапите на Дејан Георгиевски во категоријата до +80 кг