СУПЕР КУП 2026 | РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД
Новата ракометна сезона започнува со натпреварот за трофејот во Супер Купот на Македонија за 2026 година.
Во среда, на 2 септември, во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Охрид.
Двете екипи ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во натпревар кој е закажан со почеток од 19:00 часот.
Информациите за продажбата на билетите, како и линкот за онлајн купување, ќе бидат дополнително објавени.






























