Ракометарите на Алкалоид денеска го пречекуваат Еурофарм Пелистер во дербито од 11. коло на македонската Супер лига. Двата тима влегуваат во пресметката со различни мотиви, но со иста цел – освојување на значајни бодови.
Еурофарм Пелистер е третопласиран со 17 бодови, додека Алкалоид има еден помалку и се наоѓа на четвртата позиција. Пред нив се Охрид со 19 и лидерот Вардар 1961 со максимални 20 бодови.
Алкалоид ќе бара рехабилитација по поразот од Вардар со 31:36 во претходното коло. Скопскиот тим ќе има можност пред својата публика да се врати на победничките патеки и да се израмни бодовно со денешниот противник.
Еурофарм Пелистер, пак, во Скопје пристигнува по значајниот европски триумф над германски Гумерсбах со 29:28. Битолчани со пресврт во второто полувреме стигнаа до победата во Европската лига, што претставува дополнителен мотив пред денешното дерби.
Посебна тежина на натпреварот му дава и фактот што бодовите ќе се сметаат и во новоформираната Регионална ракометна лига. Тоа е уште една причина двата состави да влезат максимално мотивирани во меѓусебната пресметка.
Натпреварот Алкалоид – Еурофарм Пелистер ќе се игра од 18 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје дербито ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | И | гол +/- | Б |
|---|


























