Ракометната федерација на Македонија, во пресрет на новата натпреварувачка сезона, изработи Прирачник за ракометните правила на македонски јазик.
Прирачникот е согласно најновите промени на Светската ракометна организација, наменет за судиите и делегатите. Целта е, унифицирана примена и подобро познавање на правилата на ракометната игра. Примероци од прирачникот ќе им бидат доделени на судиите и делегатите во рамки на редовните тестирања пред почетокот на сезоната.
Федерација продолжува со активности насочени кон унапредување на стручноста, едукацијата и квалитетот на сите чинители во македонскиот ракомет.



































