макеоднскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, ќе биде без поддршка од своите навивачи „Чкембари“ во Регионалната ракометна лига. 

Ова во своето соопштение до јавноста го истакнуваат од навивачката битолска заедница. 

„Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига.

Ова натпреварување не е приоритет за групата, а сметаме дека ниту начинот на кој е составен распоредот не остава впечаток дека лигата е сфатена со потребната сериозност. Во само седум дена се предвидени три домашни натпревари, што според нас дополнително го девалвира значењето на самото натпреварување.
Сметаме дека во вакви услови и нашиот клуб не треба да ја третира регионалната лига како натпреварување од највисок приоритет.

Сепак, ги охрабруваме сите навивачи на Пелистер кои се во можност да присуствуваат на натпреварите и да им дадат поддршка на нашите ракометари, пред почетокот на новата сезона.


Чкембари

Еурофарм Пелистер ќе настапува во групата А во која за противници ги има: Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица.

Според распоредот, пелистерци за осум дена треба да одиграат три натпревари. Почнуваат на 23 август против српскиот шампион Партизан (18.00 ч.), потоа следува Ловќен на (26), па на 31 август е дуелот со Дубочица.

Следете нé на социјалните мрежи