Мостар, од денеска до 23 август е домаќин на натпреварите од Зонските квалификации за женското одбојкарско Европското првенство 2027.

На овој од неколкуте турнири, ќе настапи и репрезентацијата на Македонија, но младинската (У20), не сениорската.

„Одработивме квалитетни подготовки. Можам да најавам дека во Мостар сме дојдени по резултат, а не само да учествуваме. Нашата цел е пласман во следната фаза од квалификациите во јануари.

Имаме добра селекција, буквално нијанси пресудија кои девојки ќе влезат во конечните 14 и поради тоа верувам дека без еуфорија и со мирен пристап и дисциплинирана игра може да ја оствариме целта“,  потенцира селекторот Деан Стојанов.

Македонија е дел од групата А, во која за противници ги имаат селекциите на Романија, Белорусија и БиХ. Во групата Б се репрезентациите на: Србија, Бугарија, Русија и Турција.

Распоред на натпреварите на МАКЕДОНИЈА:

19 август, среда | Македонија – Романија 12:00 часот
20 август, четврток | Македонија – Белорусија 14:30 часот
21 август, петок | Македонија – Босна и Херцеговина 19:30 часот