Италијанскиот град Таранто од 21 август до 3 септември, ќе биде домаќин на 20-тите Медитеранските игри.

Иако Македонија е далеку од Медитеранот, сепак на овие игри ќе настапи со голем број на учесници.

Нашата земја ќе биде претставувана од 90 македонски спортисти во 19 спортови. Наши фаворити за медал, е двојниот медитерански шампион борачот Могамедгаџи Нуров, таеквондистите, Дејан Ѓеорѓиевски и Миљана Релиќ, атлетичарот Дарио Ивановски, но и каратистите кои знаеле како да се освои медал на овие игри. Македонија ќе има и свои претставницки во четири екипни спортови: фудбал (Репрезентација до 21 година), ракомет и одбојка (жени) и 3х3 Баскет.

Македонија првпат, како независна држава, настапи на Медитеранските игри во 2013 година во Мерсин, Турција. Од таму нашите спортисти се вратија со пет освоени медали (1 сребро и 4 бронзи). Во 2018 година во Тарагона, Шпанија, каде македонските спортисти освоија шест медали, меѓу кои и првите златни. Каратистот Берат Јакупи и борачот Магомедгаџи Нуров се закитија со најсјајното одличје. Нуров го повтори успехот и во 2022 година во Оран, Алжир, додека Владимир Егоров во борење и Дејан Георгиевски во таеквондо освоија бронзени медали.