ЖРК Атлетик продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално промовираше три нови засилувања кои ќе бидат дел од екипата. Новите членови на Атлетик се Ангела Шехтанска, Катарина Ивановиќ и Бојана Радевска, кои настапуваат на позициите среден бек, голман и десно крило.
Шехтанска со Вардар има освоено две младински и една кадетска шампионска титула. Минатата сезона настапуваше за Куманово, каде што беше најдобар стрелец во младинската категорија.
На голманската позиција пристигнува Катарина Ивановиќ, 26-годишната ракометарка од Ниш. Таа својата кариера ја започна во Наиса, а подоцна настапуваше и на меѓународната сцена. Во Атлетик доаѓа од екипата на Горажде од Босна и Херцеговина.
Третото засилување е Бојана Радевска, која ќе биде опција на десното крило. Радевска седум години беше дел од Вардар, каде што освои повеќе младински титули и стигна до сениорскиот тим. Има и интернационално искуство, по една сезона во косовскиот шампионат, а со младинската репрезентација настапувала на Европско и Светско првенство.
Со трите нови имиња, Атлетик дополнително го засилува ростерот и најавува амбициозна сезона.
Ивона Кимовска




































