Со двата денешни натпревари во Струга и Скопје, ќе биде комплетирано 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во оваа рунда најголемо внимание ќе привлече денешното дербито со Струга каде тимот на Трим Лум го пречекува шампионот Вардар.
По поразот во претходното коло на домашен терен од Шкендија, составот на Вардар остана без главен тренер, откако Аргентинецот, Фабијани доби отказ. Сеуште без именуван прв тренер вардарци ќе се обидат да ги залечат раните, не само од тој пораз, туку и раната елиминација од европската сцена.
Стружани пак во минатото коло останаа без два планирани бода во дуелот со повратникот во прволигашката конкуренција Скопје со кој одиграа 1-1. Иако е сам почеток на првенството, сепак бодовите освоени во дерби дуелите секогаш се важни. Затоа може да очекуваме голема борба на дуелот што ќе почне од 16.30 часот.
Во доцниот попладневен термин од 19 часот, на теренот крај ФФМ, ќе се игра последниот натпревар. Во него, вицепрвакот тетовска Шкендија ќе се обиде да го сочува максималниот ефект и со евентуална победа над Брегалница да избие на првото место на табелата.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































