Екипите на Шкендија и ГОК Борец вечерва ќе го одиграат решавачкиот трет натпревар во полуфиналето на машкиот одбојкарски шампионат.
Тоа ќе биде дуел на два тима кои се со подеднаков квалитет за што говорат и нивните меѓусебни натпревари во текот на сезоната.
Почнувајќи од полуфиналето на Купот во Радовиш, што се одржа неодамна, па до последниот натпревар во Велес, каде видовме немили сцени, а потоа и казни, ривалството на овие два тима ќе кулминира со вечерашниот меч во Тетово, што ќе реши кој ќе биде вториот финалист, и ќе го предизвика шампионот Струмица Никоб.
Натпреварот, вреден финале, меѓу Шкендија и ГОК Борец ќе започне од 20.30 часот.
Потсетување дека во женското финале ќе гледаме реприза од минатата година меѓу бранителот на трофејот Работнички Скопје и Јанта волеј.