Во плејоф конкуренцијата на машката ракометна Супер лига, денеска на програмата се четири средби од 9 -тата рунда

Дербито се игра во Автокоманда, каде кај трето рангираниот Алкалоид гостува второ пласираниот тим на табелата Еурофарм Пелистер.

Составот на Кирил Лазаров веќе направи едно големо изненадување совладувајќи го шампионот Вардар, со што им ги „замрси“ сметките на црвено-црните во борбата за титулата.

Ќе можат ли сега „фармацевтите“ од Автокоманда да направат ново изненадување во дуелот со пелистерци, а со тоа не само што би му „возвратиле услуга“ на Вардар, туку и самите би си завршиле работа, па и Алкалоид би се вмешал во трката за титулата,

Овој натпревар е последен од денешната програма, а претходно ќе се одиграат другите две средби.

Сите натпревари може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 

СУЕР ЛИГА ПЛЕЈОФ – 9.КОЛО

ЧЕТВРТОК
16:00 Е.ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ
16:30 ВАРДАР – ГРК ОХРИД
19:00 АЛКАЛОИД – Е. ПЕЛИСТЕР

СРЕДА
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 23-23

ПТАБЕЛАБОД
1ВАРДАР24
2Е. ПЕЛИСТЕР24
3АЛКАЛОИД21
4ТИКВЕШ11
5ОХРИД9
6БУТЕЛ СКОПЈЕ7
7Е. ПЕЛИСТЕР 27
8ПРОЛЕТ6