Машката кадетска репрезентација на Македонија до 16 години е подготвена за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Шампионатот ќе се одржи од 6 до 15 август во Гевгелија и Скопје
Нашите млади кошаркари ги завршија повеќенеделните подготовки и се подготвени за големиот предизвик. Селекторот Дејан Стојановски го избра финалниот состав од 12 кошаркари кои ќе дадат сè од себе.
„Работевме интензивно во текот на целиот подготвителен период.
Немавме многу контролни натпревари, но затоа одработивме голем број квалитетни тренинзи и скримиџ натпревари.
Ги избравме 12. играчи кои се борат еден за друг и кои ќе дадат сè од себе достојно да ја претстават Македонија“, вели Стојановски.
Македонија се наоѓа во групата „Б“ заедно со селекциите на Кипар, Исланд, Хрватска, Швајцарија и Украина. Првите две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман во четвртфиналето и борба за Дивизијата „А“. Сите натпревари од групната фаза нашиот национален тим ќе ги игра во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.
Распоред на натпреварите на Македонија:
6 август, четврток, Кипар – МАКЕДОНИЈА, 18:30 часот
7 август, петок, МАКЕДОНИЈА – Исланд, 18:30 часот
8 август, сабота, Хрватска – МАКЕДОНИЈА, 18:30 часот
10 август, понеделник, МАКЕДОНИЈА – Швајцарија, 18:30 часот
11 август, вторник, Украина – МАКЕДОНИЈА, 18:30 часот


































