Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за претстојниот голем предизвик, настапот на Медитеранските игри 2026.

Нашите одбојкарки го дознаа и официјалниот распоред за натпреварите во групната фаза во Таранто, каде во групата Б ги очекуваат четири исклучително важни пресметки.

Првиот предизвик за македонскиот тим е закажан за 20 август, кога ќе ги одмерат силите со Грција. Веќе следниот ден, ќе го играат дуелот против селекцијата на Турција. Третиот натпревар е на 22 август против Алжир, а групната фаза ќе ја завршат со мечот против Косово.

Сите дуели од нашата група ќе се одиграат во салата „Паламазола“ во италијанскиот град Таранто.

РАСПОРЕД НА НАТПЕРВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

20 август (четврток) Македонија – Грција,17:30 ч.
21 август (петок) Македонија – Турција,17:30 ч.
22 август (сабота) Македонија – Алжир,14:30 ч.
23 август (недела) Македонија – Косово,14:30 ч.
24 август (понеделник) Слободен ден

Првите две репрезентации од групата обезбедуваат директен пласман во полуфиналето, кое е на програмата на 25 август. Финалните борби за медалите во женска конкуренција се закажани за 27 август.

Ова ќе биде втор настап за македонските одбојкарки на Медитераните игри на кои експедиција ќе патува на 18 август.