Македонскиот шампион Вардар по само четири одиграни натпревари го заврши својот настап на европската фудбалска сцена. Вардарци иако имаа два гола предност на гостувањето во Летонија против Рига, сепак на крајот убедливо беа поразени.
Вардар против Рига водеше со 0-2, но предноста на ја сочува, па во продолженијата прими четири гола, а Рига со вкупни 8-4 го доби двомечот.
Првата шанса има вардарци поточно Родриго кога од левата страна биеше луцидно но домашниот голман беше на вистинското место. Само 90-тина секунди подоцна на спротивната страна се истакна и Талески со прекрасни интервенција.
Офанзивната игра на вардарци броди со плод веќе во шеснаесетта минута. Јанкулов одлично нафрлил десната страна, а Бабунски со ефектен волеј ја затресе мрежата на противникот за водство на Вардар од 0-1.

Но, во 20.минута голем пех на вардаровата одбрана. По грешката на Матиќ, еден од пратеничките играчи изби сам изби шеснаесетникот на вардарци, а Филип Најдовски направи прекршок врз него. Главниот судија овој стартот го санкционира со црвен картон, па во продолжение македонскиот првак мораше да игра со фудбалер помалку.
Во 30-та минута многу среќа за вардарци. Ударот на Муса завршив во стативата од голот на Талески. Вардаровиот голман денеска беше расположен за бранење. Талевски одлично интервенираше во 42.минута по ударот на Анка од 18-тина метри. Иако во продолжението на акцијата неговата мрежа сепак се затресе, голот не беше признат поради офсајд. Вардар успеа да ја сочува предноста од 0-1, на паузата меѓу двете полувремиња.
Во вториот дел, домашниот состав постојано се обидуваше да стигне до израмнување. Вардарци се обидуваа преку контра да го загрозат голот на противникот и успеаја во тоа. Во 66-минута, по брзата акција на Родригез и неговиот удар, домашниот голман успеа да одбрани, а топката дојде до Омерагиќ го од вториот обид успеа да ја затресе мрежата на Рига за 0-2.
По ова водство кое Вардар го носеше во следната рунда., макеоднскиот шампион, тотално ја препушти играта на противникот. Тоа беше казнето на четири минути пред крајот (86) кога Бразилецот, Таиво намали на 1-2. Така вкупниот резултат беше 4-4, па се играа дополнителни 30 минути.

А, во продолженијата Рига уште на самиот старт успеа да постигне гол. Се играше 92-минута кога Тунижанецот, Раки Ауани успеа а ја затресе мрежата на Талески за израмнување на 2-2. Во финишот на првото продолжение Сигуера донесе водство на Рига со 3-2. И тука не беше крајот на распадот на Вардар. Во второто продолжение во листата на стрелци се запишаа Рамирес и Фереира, за конечни 5-2.
Така Рига е екипата што ќе игра во третото квалификациско коло, во кое за противник ќе го има подобриот дим од дуелите меѓу Атерт Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија).

































