Македонскиот шампион Вардар попладнево ќе го игра вториот натпревар во Конференциската лига.
Откако вардарци беа елиминирани од Лигата на шампионите, тие продолжија во третото по ранг европско клупско натпреварување. Но, и таму вардарци може да го завршат настапот уште по само два одиграни натпревари.
За да не се случи тоа, црвено-црните денеска мораат да одиграат многу поквалитетно во реваншот против летонската Рига. Во денешниот дуел вардарци влегуваат со гол негатива, откако првиот меч во Скопје го загубија со 2-3.
„Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните натпревари, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига.
Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со што е можно помалку грешки во сите линии.
Сите играчи кои допатуваа со нас конкурираат за настап“, изјави Кристијан Фабијани тренерот на Вардар.
Во ги нема да бидат само Хоакин Торес и Бобан Николов. Со кој состав и како ќе изгледа Вардар во денешниот реванш со Рига останува да видиме.
Натпреварот ќе почне од 19 часот.



































