Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, замина за Белград кад од утре до 9 август ќе игра на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Горан Кузмановски ги чека голем предизвик, но и тешка задача за докажување. Патот кон добар, висок пласман нема да биде ни малку лесен имајќи ги во предводи противниците.
Тие во првата фаза од шампионатот ќе играат во „А“ групата против врсниците од Словенија, Франција и Шведска.
Првата цел е да се обезбеди едно од двете места што водат во четвртфиналето.
24-те репрезентации се поделени во пет групи по четири репрезентации. Двете првопласирани Двете од секоја група се пласираа во главната рунда. Ќе следува дополнително разигрување во новоформирани групи од кои првите две селекции како и најдобрите две третопласирани ќе обезбедат четвртфинале. Останатите четири репрезентации ќе играат за пласман од 9-то до 16-то место.
Македонските јуниор, првенството ќе го почнат со дуелот против Словенија, закажан за утре од 12 часот. Во истиот термин во петок ќе играат против Франција, а во недела против Шведска.
РАСПОРЕД МАКЕДОНИЈА – А ГРУПА
29.07 среда | МАКЕДОНИЈА – Словенија 12 ч.
30.07 петок | МАКЕДОНИЈА – Франција 12 ч.
01.08 недела | МАКЕДОНИЈА – Шведска 12 ч.


































