И петтиот натпревар од новата сезона во првата македонска фудбалска лига, заврши со победа на домашниот тим.
Во Кратово, фудбалерите на Силекс апсолутно ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Башкими. Kратовци противникот за Куманово го пратија со шест голови во нивната мрежа.
Уште воведниот половина час домашниот тим го најави триумфот. Веќе во третата минута Дарко Илиевски го отвори резултатот. Во осмата минута Габриел Танпел си постигна автогол. Водство 3:0 на полувремето на силекс му донесе мирза Делимеѓец во 29-та минута.
Во второто полувреме уште пет пати кратовци ја затресоа мрежата на кумановци, но два од нив беа поништени поради осет.
Затоа головите на Нихад Шеро (61), Есмир Хасукиќ (75) и Никола Манојлов (76), Силекс славеше убедливо со 6-0.
Каратовци лесно стигнаа до трите бодови со што најавија дека ќе бидат едниот конкурентите за највисок пласман и борба за трофеите во новата сезона.
Воведното коло ќе биде заокружено со натпреварот што ќе се одигра попладнево на ФФМ. Во него Шкендија како домаќинки игра против составот на Скопје од Автокоманда.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
































