Европскиот шампион Шпанија е вториот патник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство.
Во четвртфиналниот одигран во Лос Анџелес, шпанската репрезентација ја победи Белгија со 2-1. А, како против Португалија (1-0), така и против Белгија, Микел Мерино и донесе победа на Шпанија.
Уште од самиот почеток на натпреварот, актуелните европски шампиони го наметнаа своето темпо и игра. Постојано го загрозуваат голот на Тибо Куртоа. Таквата игра конечно вроди со плод 30.минутаџ кога Фабијан Руидз ја затресе мрежата на Белгијците, за водство од 1-0.
И во продолжението имаа неколку зрели шанси за втор гол, но Шпанците не ги искористија. Затоа, следеше непишаното правило, па на спротивната страна во 40.минута веќе Де Ктеларе го израмни резултатот на 1-1. Тоа беше и првиот гол што шпанската репрезентација го прими на овој Мундијал.
И во второто полувреме иста слика на теренот. Шпанците напаѓаа, Белгијците се бранеа и се обидуваа со контра напади (ретки) за го загрозат голот на противникот.
Во 71.минута Белгијците мораа да менуваат на голот. Тибо Куртоа поради повреда мораше да биде повлечен од игра, а на негово место влезе Леменс. Токму грешката на голманот на Манчестер Јунајтед ја чинеше Белгија примен гол и елиминација.
Во 88,минута по ударот од далечина на Кубарси, Леменс кратко ја одби топката на која налета Мерино и ја смести во неговата мрежа за 2-1 за Шпанија.
Црвената-фурија сега ја чека најголемиот предизвик, полуфиналниот меч против светскиот вицепрвак Франција. Европскиот шампион или светскиот вицепрвак за четири дена (14 јули) во Далас ќе решаваат, кој ќе биде првиот финалист на Мундијалот.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|































