Младинската машка репрезентација на Македонија (У20), денеска ќе го игра вториот натпревар во Б дивизијата на Европското првенство.
По стартниот триумф во дуелот со домашната репрезентација на Словачка, попладнево Македонија за противник ќе ја има Ирска. Ова е натпревар од А групата во која Ирците за прв пат ќе се претстават на првенството.
Ако се оди според планот и избраниците на селекторот Никола Велев одиграат на нивото на вчерашниот меч, тогаш може да очекуваме нова радост. Со победа, македонските надежи веќе би завршиле огромен дел од работата и поставената првична цел, пласман во четвртфиналето. Ова имајќчи во предвид дека ќе следуваат два дена одмор пред дуелите со Швадска и Азербејџан.
Потсетуваа дека двете првопласирани селекции од четирите групи ќе продолжат во нокаут фазата и ќе имаат шанса да се борат за пласман во А дивизијата.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Ирска ќе се игра од 13.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇






























