По само еден ден пауза, вечерва продолжуваат возбудувањата на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико. Шест европски селекции, една африканска и актуелниот светски првак Аргентина како претставник на Јужна Америка, остана во ТОП-8.

Со натпреварот во Бостон, во кој светскиот вицешампион Франција ќе игра против Мароко ќе почна четвртфиналната рунда.

Ова ќе биде реприза на полуфиналната мундијалска пресметка од пред четири години, во Катар. Тогаш, Франција го доби полуфиналето со 2-0 со головите на Тео Ернандез и Рандал Коло Моани. Триколорите ќе се обидат да стигнат до своето трето последователно полуфинале, а во 2018 и 2022 година, играа и финале.

Франција стигна до последните осум екипи со сите пет победи. Покрај трите триумфи во групната фаза, тие победија со 3-0 против Шведска во 1/16-финалето, а со 1-0 против Парагвај во осминафиналето.

Од друга страна, по добрите игри во групната фаза и почетниот нерешен резултат против Бразил, Мароканците продолжија со своите храбри настапи во остатокот од натпреварувањето. Прво ја елиминираа Холандија по подобро изведување на пенали, а потоа лесно да ја победат домашната репрезентација на Канада со 3-0. Мароканците сега ќе се обидат да стигнат до второто последователно полуфинале.

Дуелот Франција – Мароко ќе почне од 22 часот. Победникот од овој натпревар ќе игра во полуфиналето против подобриот од дуелот Шпанија и Белгија, што ќе се игра во утре.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)