Младата машка ракометна репрезентација на Македонија до 20 години го претрпе вториот пораз на Европскиот шампионат во Романија.

Откако вчера загубија од Норвешка (31-36), избраниците на селекторот Игор Илиевски попладнево се поразени од хрватските врсници. Во натпревар од 2.коло на Д групата, младите македонски ракометари убедливо се поразени од Хрватска со 29-34.

Иако Хрватите постојано беа во резултатска предност, сепак Македонија беше конкурента се до 28.минута. Тогаш на семафорот стоеше 15-14 за Хрватска. Во завршните две минути, жолто-црвените не постигнаа ниту еден, а премија три гола. Затоа противникот на одмор замина со пет гола предност 19-14.

Тоа се покажа како повеќе под доволно Хрватска да ја оствари првата победа, а Македoнија да го претрпе вториот пораз на шампионатот.

Во нашата репрезентација најефикасен беше Марко Каевски кој постигна 7 голови, додека Бобан Поповски додаде еден помалку (6).

По овој пораз јасно е дека нашата репрезентација ги загуби шансите за пласман меѓи 12-те селекции што ќе разигруваат во главната фаза, иако остана уште еден меч од групната.

Тоа е дуелот против репрезентацијата на Данска што ќе се игра во сабота во терминот 13 30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи