Познати се уште две репрезентации кои обезбедија пласман во првата нокаут рунда на Светското првенство. Тоа се селекциите на Бразил и Мароко кои славеа победа во последното коло од Ц групата над Шкотска и Хаити.

Бразилците на дуелот вп0 Мајами ги надиграа Шкотите со 3-0. Два гола во првото полувреме постигна Винициус, а во второто во листата на стрелци се запиша Куња.

Вториот натпревар од групата се одигра во Атланта, каде Мароко со пресврт славеше над Хаити со 4-2. Во првиот дел, дебитантот на Мундијалите, Хаити два пати водеше, но Мароканците успеваат да израмнат. Во второто полувреме Мароко постигна уште два гола и стигна до важните бодови.

Со овие конечни исходи, Бразил и Мароко освојуваат по 7 бода, но Кариоките го зазема првото место поради подобра гол-разлика (+6 наспроти +3 на Мароко). Двете селекции патуваат во 1/16-финалето, а Шкотска која заврши трета со 3 бода ќе ги чека резултатите и пласманите во другите групо. Хаити шампионатот го заврши без бодови.

📅 👑 Ц група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови