Нови четири натпревари претстојат на шестиот натпреварувачки ден на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико. Тоа ќе бидат првите мечеви во И и Ј групите во кои финалистите од последното Светско првенство, Аргентина и Франција, ќе го имаат своето претставување на Мундијалот
Програмата ќе биде отворена во натпревари во Њу Џерси, каде селекцијата на Франција за противник ќе го има Сенегал. Пред почетокот на првенството „букмејкерите“ им даваа најголеми шанси на Французите за освојување на шампионскиот трофеј. Предводени од напаѓачкиот тандем Мбапе-Дембеле, „Триколорите“ се први на листата кандидати за светслки првак. Затоа се освен победа на Франција над секогаш незгодниот Сенегал би било големо изненадување.
Во оваа група на полноќ ќе играат и Норвешка – Ирак.
| 📅 | ⏰ | 👑 И група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
Лионел Меси како предводник на Аргентина ќе го игра своето последно Светско првенство.
Аргентинците ќе имаат многу потешка задача од пред четири години кога станаа светски шампиони. Велат, секогаш е потешко да се одбрани титулата. Јасно им е тоа на „Гаучосите“, но квалитетниот состав кој го поседуваат им дава верба дека може да успеат во тоа. Во 3 часот по полноќ за прв пат на Мундијалот ќе видиме како ќе изгледа Аргентина, а прв предизвикувач е Алжир.
Во вториот натпревар од оваа конкуренција ќе играат Австралија и Јордан.

| 📅 | ⏰ | 👑 Ј група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|































