Македонската машка одбојкарска репрезентација го продолжува својот настап во ЦЕВ Европската лига .

Тимот, предводен од селекторот Јошко Миленкоски, е во Атина каде попладнево ќе го игра четвртиот меч во ова натпреварување.

Вчерашната победа над Исланд, ја зголеми самодовербата во таборот на црвено-жолтите. Сепак сега задачата ќе биде далеку потешка, бидејќи за противник го имаме домаќинот Грција.

Тие важат за фаворити во денешниот дуел, што ќе биде вкупно петти меѓусебен.

Досега Македонија се нема израдувани на победа, а има освоено само еден сет против нашиот јужен сосед. Секој сет е важен за бодувањето во конечниот поредок во Европската лига. Ова со оглед на тоа што годинашното издание на Европската лига е дел од квалификациите за Европскиот шампионат во 2028 година.

Дуелот меѓу Македонија и Грција ќе почне во терминот од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи