Mашката македонска одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во ЦЕВ Европската лига. Во вториот натпревар на турнирот во Атина, македонските одбојкари се совладани од домаќинот Грција со 0:3 во светови.

Навидум, Грците лесно го добија мечот, но не беше така. Македонските одбојкари во текот на сите три сета беа повеќе од рамноправен противник, а на моменти и подобар. Сите три сета нашиот јужен сосед, ги добри со подобрата игра во втората половина.

Првиот Грците го добија со 25-19. Во вториот сет бевме рамноправни се до 18-18. Потоа следуваше низа од 7-2 на противникот кој го доби сетот со 25-20. Во третиот сет имавме и четири поени предност во еден миг. Сепак домашната селекција успеа да го надополни тоа и да дојде до предност. Во финишот Грците влегоа со еден позитива 22-21. Иако за мин се понадеавме дека можеме да направиме пресврт, сепак тоа не се случи. Нашиот јужен сосед го доби сетот со 25-23 а мечот со 3:0.

Капитенот Никола Ѓорѓиев освои 11 поени, а со еден помалку заврши Филип Савовски.

Ова беше втор пораз во четирите досегашни одиграни мече за Македонија во Европската лига. Следниот викенд следуваат последните два на турнирот во Косово каде покрај домаќинот, противник на Македонија ќе биде и Израел.

Следете нé на социјалните мрежи