Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, го претрпе третиот пораз во годинашното издание на ЦЕВ Европската лига.

Откако на првиот турнир во Португалија, не освоија ниту еден сет, во дуелите против Унгарија и Португалија, македонските одбојкарки и денеска продолжија во ист стил. Во првиот од двата меча на турнирот во Аликанте, нашата селекција без освен сет го загуби дуелот против Шпанија.

Дека домашната репрезентација е фаворит се виде уште од стартот на натпреварот. Поведоа Шпанките со 5:0, потоа 7:1, па 10:2. Тука веќе беше јасно кој е кој на овој меч, а Шпанија во добри сетот 25:11. Во вториот сет нашата селекција освои само шест поени (26:6). За нијанса по пристоен отпор пружија македонските одбојкарки во последниот сет, кој заврши со резултат 25:15 за Шпанките.

За селекцијата на Шпанија ова беше трет триумф, а македонските одбојкарки го претрпеа третиот пораз.

Утре нашата селекција во терминот од 18:30 часот, ќе го игра мечот против Азербејџан.

Следете нé на социјалните мрежи