Сениорската женска одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска продолжува со настапот во ЦЕВ Европската лига.

Откако изминатиот викенд стартуваше ова натпреварување, со дуелите во Португалија, сега, македонските одбојкарки настапуваат во Шпанија.

Во Аликанте тие денеска и утре ќе одиграат два нови натпревари. Доцна попладнево избраничките на селекторот на избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ за противник ќе ја имаат домашната селекција на Шпанија. Овој меч ќе почне во терминот од 19.30 част.

Утре, еден час порано (18.30), Македонија против Азербејџан ќе ја брка првата победа во ова натпреварување. Потсетување дека првите два меча нашите одбојкарки ги загубија без освоен сет против Романија и Португалија.

Последниот од трите викенди, нашите одбојкарки ќе го играат на домашен терен. Тие на 19 и 21 јуни, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе играат против Хрватска и Словенија.

Денешниот меч Шпанија – Македонија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Следете нé на социјалните мрежи