Организаторот на играта на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев ќе биде нов техничар на белградска Црвена Звезда.

Српскиот клуб официјално му посака добредојде на искусниот македонски репрезентативец и го претстави како засилување за новата сезона.

Ѓоргиев за првпат ќе игра во српскиот шампионат. Тој претходно интернационалната кариера ја градеше настапувајќи во клубови од Бугарија, Турција, Полска и Франција. Ѓорѓи минатата сезона настапуваше за францускиот клуб Алтерна.

Ѓоргиев откако успешно го затвори трансфер периодот, сега ќе може мирно да се фокусира на обврските со националниот тим. Македонија пристојниот викенд ќе го игра вториот турнир од Европската лига. Во септември Ѓорѓиев со црвено-жолтите, го чека и настап на Европското првенство во Софија.

Следете нé на социјалните мрежи