Во неверојатен пресврт на фудбалскиот пазар, Бернардо Силва ќе стане нов играч на Реал Мадрид.

Португалецот, кој го напушти Манчестер Сити минатиот месец, со месеци е на прагот да се приклучи на Барселона. Сепак, во последните 36 часа, новиот менаџер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо беше побрз од ривалите.

Иако трансферот на Бернардо Силва веќе бил договорен, а Силва подготвен за драстично намалување на платата, Реал Мадрид влета во играта. Фабрицио Романо ја потврди веста дека Силва пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен агент. Целиот договор беше склучен за само 36 часа.

Новоназначениот тренер на Реал, Жозе Мурињо, одигра клучна улога во оваа „кражба“ . Искусниот 63-годишен стратег го идентификуваше својот сонародник како апсолутен приоритет за реконструкција на тимот,.

Официјалната понуда испратена во четврток веднаш го привлече поранешниот капитен на Манчестер Сити. Силва се согласи на двегодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона, оставајќи го одборот на Барселона во шок.