Пред стартот на Светското фудбалско првенство, ФИФА ја „апдејтуваше“ ранг-листа листата на фудбалските репрезентации.
Нов пад бележи најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија на најновата листа.
Ремито со БиХ 0-0 убедливиот пораз од Турција 0-4, придонесоа за пад од две места на Македонија на ФИФА листата. Сeга нашата репрезентација е на 69-место, зад Кобо Верде и Саудиска Арабија.
Што се однесува до ТОП-10, таму има само две промени. Актуелниот светски шампион Аргентина сега на на првата позиција прескокнувајчи ги Шпанија и Франција која од првото место падна на третото.
Следуваат: Англија, Португалија и Бразил од 4 до 6 место. Сега Мароко е седми, а Холандија осма. Најдобрите десет ги заокружуваат Белгија, Германија и Хрватска.
Следната промена на ФИФА ранг листата ќе биде за еден месец на 12 јуни.





































