Фудбалската репрезентација на Македонија имаше уште едно бледо издание, а ова заврши со „реми“ на гостувањето во Сараево кај Босна и Херцеговина. Пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Кошево“ заврши без голови 0-0.
Првата посериозна шанси, ја имаа домаќините преку Бајрактаревиќ чиј удар заврши во гредата од голот на Столе Димитриевски. Во 31.минута, Македонија прв пат се закани преку Миовски. Штипјанецот изби сам пред домашниот голман кој успеа да го совлада, но во последен момент спаси Радељиќ. Во продолжението, Босанците беа далеку поопасни. Во финишот односно 45.минута се обиде Баждар а овојпат, стативата, беше сојузници на Македонија. Затоа на одмор се замина со почетните 0-0.
Како завршија, така и продолжија домаќините и во второто полувреме. Во 51.минута се закани Мемиќ, но неговиот обид заврши неколку сантиметри од голот на Димитриевски. Речиси потполно идентично заврши и обидот на Демировоќ во 68-та минута, кога на голот на Македонија застана Шишковски.
Бројните промени во двете селекции, не донесоа никаква промена во играта, но и резултатот.
За БиХ ова беше последна контрола пред својата публика пред заминувањето за Канада, каде оваа селекција ќе игра на Светското првенство.
Македонија пак, повторно ќе биде спаринг „партнер“ на селекција која ќе игра на Мундијалот. Веќе во понеделник, нашата селекција во Истанбул ќе игра против Турција.





























