Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја го полна Мундијалот со победа и тоа пресврт над Чешка. Во вториот натпревар од групата А што се игра во Гвадалахара, Ј.Кореја славеше со 2-1.

Чешка поведе во 59.минута со удар со глава на капитенот Ладислав Крејчи, а по уфрлувањето од аут на Владимир Куфал. Само осум минути подоцна, поранешниот играч на Црвена Звезда, Хванг Ин-бом, израмни со брилијантен гол.

Хванг учествуваше и во вториот постигнувањето на вториот гол во 80-тата минута, кога по негоата асистенција Ох Хјун-гаи беше прецизен за 2-1/

Чесите во продолжението имаа повеќе шанси да го израмнат резултатот. Во 77-та минута Томас Соучек, ја затресе мрежата на Корејците, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Во првиот натпревар од оваа група, а на отворањето на Мундијалот, Мексико ја победи Јужна Африка со 2-0.

📅 А група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови