Со натпреварот во Мексико Сити , стартуваше 23-тото Светското фудбалско првенство кое годинава се одржува во три земји, САД, Канада и Мексико.
Ко-домаѓинот на шампионатот, Мексико ги впиша првите три бода со победата над Јужна Африка. На преполниот стадион „Ацтека“ домашните фудбалери славеа со 2-0.
Хулијан Кињонес ја донесе домашната селекција во водство уште во деветтата минута од натпреварот. Тој ја искористи грешката на противничката одбрана по високиот притисок на Ерик Лира и ефектно ја протна топката низ нозете на голманот.
Вториот погодок за конечен триумф на Мексиканците го постигна искусниот напаѓач Раул Хименез во вториот дел. Тој одлично реагираше во казнениот простор по прецизно нафрлување и сигурно ја смести топката во мрежата на гостинскиот тим.
Натпреварот го одбележаа и три директни црвени картони и голема нервоза на теренот кај двата тима. Кај мексиканската селекција беше исклучен Цезар Монтес со судиското дополнение на вториот дел. Претходно во јужноафриканската репрезентација мечот предвреме го заврши Ситоле и Зване.
Возбудувањата во групата А продолжуваат ноќеска со дуелот Чешка и Јужна Кореја.
| 📅 | ⏰ | А група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|


































