кошаркарите на мзт скопје аеродром ја пишаа втората победа во финалето против маџари со што поведоа со 2:0 во серијата подобар до три.
и на вториот натпревар одигран во сц јане сандански, домашниот тим на мзт забележа победа со 81-76 .
Само во воведните три минути Маџари беше рамноправен противник. Имаа гостите предност од 6-7, по што следуваа осум осум поени во низа на мзт за водство од 14-7. Веќе во тринаесетата минута аеродромци има и за првпат во двоцифрена предност од плус 11. На полувреме мзт замина со комфорни 16 поени позитива 47-31 .
Таквата предност на тие првак знаеше како да ја сочува иако во самиот финиш односно на минута до крајот маџари дојде на три негатива.
Најефикасен во победничката екипа беше МекСмит со 19 , додека Војдан Стојановски постигна 18 поени .
Сега серијата се сели во скопската населба Маџари за каде се предвидени два натпревари. Но, тоа под услов, доколку Маџари успее да оствари триумф во наредниот меч, закажан за во недела. Во спротивно победа на аеродромци ќе ја донесе тринаесеттата титула тимот на МЗТ Скопје.































