Машката селекција на Македонија за кошаркари до 20 години, вечерва ќе го игра третиот натпревар во Б Дивизијата на Евробаскетот.
Македонските младинци во последниот коло од „А“ групата за противник ќе ја имаат селекцијата на Азербејџан.
Откако Македонија загуби убедливо од Шведска, а Ирска го победи Азербејџан, познати се двете селекции од групата кои ќе играат четвртфинален. Швеѓаните имаат максимални четири победи, а Ирците две. Зад нив со по една победа се Македонија и Азербејџан.
Нашите младинци загубија од Ирците во второто коло, па сега и со победа над Азербејџан, второто место е недостижно. Така Македонија и Азербејџан вечерва ќе играат за своето реноме, и подобро позиционирање пред продолжението на натпреварите на шампионатот.
Двете репрезентации во втората фаза на првенството ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место. Вечерва пак натпреварот Македонија – Азербејџан ќе се игра во терминот од 21 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.


































