Македонскиот првак Вардар не успеа да мине во втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Победата на гостински терен кај финскиот КуПС со 2-3 по продолженија се покажа како јалова. Вардарци го загубија првиот меч во Скопје со 0-2, па финскиот тим остана во елитата.
А, македонскиот првак ќе продолжи во втората квалификациска рунда за Конференциската лига. Таму за противник Вардар ќе го има летонскиот тимот на Рига.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 23 јули, а реваншот седум дена подоцна (30 јули) во Рига.
Покрај Вардар место во второто квалификациско коло на истото натпреварување бркаат и екипите на Силекс и Шкендија.
Двата тима утре (четврток) ќе ги играат реванш дуелите со белорускиот Динамо Минск и Европа од Гибралтар. Во нив, македонските претставници пред своите навивачи ќе влезат со победите од првите натпревари.
Силекс на теренот крај ФФМ ќе ја брани преснота од еден гол против Динамо (1-0). Шкендија на арената „Тодор Проевски“ само рутински треба да го одраните мечот со Европа, откако на првиот тетовци славеа со убедливи 5-0.
Двата натпревари ќе почнат во ист термин од 20 часот.


































