По дводневен одмор, младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (до 20 години) денеска го продолжува настапот во Б дивизијата на Европското првенство.

Македонските младинци за противник во 3.коло ќе ја имаат селекцијата на Шведска, лидерот во „А“ групата .

Швеѓаните се единствени без пораз, остварувајќи максимални три победи во првите три кола од шампионатот. Македонските кошаркари досега забележаа една победа против Словачка и еден пораз во драматичниот дуел со репрезентацијата на Ирска.

Ситуацијата на табелата е комплицирана бидејќи Македонија, Азербејџан и Ирска имаат идентичен ефект од една победа и пораз. Затоа денешниот дуел со Шведска е со императив на победа, за да се одржат шансите за пласман во четвртфиналето. Евентуален триумф над Швеѓаните драстично ќе ги зголеми нашите кошаркари за ресто меѓу осумте најдобри.

Но, и исходот од вечерниот натпревар меѓу Ирска и Азербејџан дополнително ќе го крои конечниот изглед на табелата. За позитивен резултат денеска ќе ни биде потребен максимален ангажман и многу поголем придонес во нападот од сите играчи.

По овој дуел, македонската репрезентација ја очекува и последната пресметка (утре) против незгодната селекција на Азербејџан.

Денешниот натпревар Македонија – Шведска што ќе почне до 13.30 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Следете нé на социјалните мрежи