Дека македонската кошарка е во длабока криза, тоа одамна е познато, дури и на оние кои ретко го следат спортот.
Редок блесок во второлигашка конкуренција, далеку од елитата се резултатите на кои веќе деценија сме навикнати, посебно во младинските селекции. А, како би било поинаку, кога македонската кошарка ни ја водат ликови кои немаат „компас“ каде тераат.
За тоа најдобро говори и последно објавениот список за потенцијални репрезентативци во младинската селекција. Од федерацијата објавија поширок список на играчи до 20 години. Тие ќе треба да минат селективни тренинзи, пред формирање на тимот што ќе игра во „Б“ дивизијата на Европскиот шампионат.
И тоа не е ништо спорно, да се направи филтер низ кој најдобрите ќе добијат шанса да го носат црвено-жолтиот дрес. Но. Има една голема дилема.
Кој го правеше списокот!?
Минатата година репрезентацијата до 20 години ја водеше Горан Самарџиев. Но, вообичаената пракса на федерацијата е прво да ги именува селекторите, кои потоа објавуваат списоци, на кои задолжително стои нивното име.
Е овој (тазе објавениот) е без име на предводникот или на тренерот кој треба да да селектира. Затоа и логично се поставува прашањето, кој и како, веќе направил одредена селекција на играчите!?
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Теодор Нановски – Литванија
Борјан Китановски – САД
Илин Најков – САД
Давид Петрушевски – Италија
Меглен Гелевски – Холандија
Христијан Несторовски – Тиквеш ГИ
Јордан Кузманов – Кожув
Ристе Букршлиев – Кожув
Бојан Величковски – Ангели
Дино Лазарев – Ангели
Амар Грбовиќ – Феникс 2010
Горазд Митев – Водно Санс
Христијан Ванчов – Водно Санс
Сергеј Петровиќ – Гостивар
Бранислав Давитковски – Работнички 2018
Максим Трајковиќ – Работнички
Матеј Велковски – МЗТ Скопје Аеродром
Стефан Серафимовски – МЗТ Скопје Аеродром
Марко Аврамовски – Вардар
Матеј Митревски – Вардар
Стефан Сопроновски – Маџари
Останува да видиме кој (селектор – тренер) на 3 јуни во малата сала на СЦ „Кале“ ќе ја направи првата прозивка.
Европското првенство, Дивизија„ Б“, ќе се игра во Братислава, во периодот од 10. до 19. јули оваа година.






























