По дваесет дневна пауза повторно се враќаат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони. Денеска и утре на програмата се дуелите од 5.коло, од кои најголемо внимание привлекуваат настапите на Реал, Арсенал и Манчестр Сити.
на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид Реал го пречекува холандскиот ПСВ со цел да го задржи максималниот ефект. „Кралевите“ по четири кола имаат четири победи и 12 бодови, со што го држат второто место на табелата. Гостите од Ајндховен се на 24. позиција со четири бодови и секој позитивен резултат за нив ќе биде голем успех.
Интересен дуел се очекува во Лондон, каде Арсенал на „Емирати“ ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд. Англискиот состав е трет на табелата со 10 бодови и сè уште не знае за пораз. Германците пристигнуваат од 12. место со само еден бод помалку, па овој натпревар има големо значење за пласманот во врвот.
На „Етихад“ во Манчестер, домашниот Сити важи за голем фаворит против италијанскиот Наполи. „Граѓаните“ се наоѓаат на седмата позиција со девет освоени бодови од првите четири средби. Наполитанците имаат тешка задача, бидејќи се дури на 27. место со само три бодови и голем број отсутни играчи.
Овие три натпревари и четири други ќе се играат во вечерниот термин, а програма во Лига на шампиони сратува со два натпревари од 18.45 часот.
Денешни натпревари во Лига на шампиони (5. коло):
18:45 БОДО/ГЛИМТ – ЛАСК
18:45 ГАЛАТАСАРАЈ – АСТОН ВИЛА
21:00 РЕАЛ МАДРИД – ПСВ
21:00 АРСЕНАЛ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
21:00 МАНЧЕСТЕР СИТИ – НАПОЛИ
21:00 КОМО – АЕК
21:00 ФЕЕНОРД – ПОРТО
21:00 РБ ЛАЈПЦИГ – ЛЕНС
21:00 СЛОВАН БРАТИСЛАВА – БЕТИС





































