Фудбалерите на Вардар се новите македонски шампиони. Најтрофејниот македонски куб на коло до крајот го запечати првото место на прволигашката табела.
Ова откако попладнево Вардар на гостувањето кај Струга ТЛ славеше со 1-0. Тоа беше повеќ од доволно вардарци да ја сочуваaт предноста во однос на единствениот конкурент Шкендија, пред нивното соочување во последното коло.
Единствениот го на натпреварот за скопјани го постигна Србинот, Цветковиќ кој го искористи поклонот од Рочи. За Вардар ова е 12-та шампионска титула, а прва по пауза од шест години (сезона 2019/2020).
Така дуелот во Тетово каде Шкендија ја совлада АП Брера со 2-0 немаше некаково значење. На третиот денешен натпревар во Кратово, Силекс беше подобар од Арсими со 0-1.
Останатите три натпревари ќе се играат утре.
ПМФЛ – претпоследно 32 коло
15 мај – петок
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 0-1
ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 2-1
СИЛЕКС – АРСИМИ 0-1
16 мај – сабота (16 часот)
БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ





























