Македонската машка сениорска репрезентација отпатува за Прешов, каде утре против Словачка ќе го одигра првиот бараж натпревар против селекцијата на Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

За патувањето до Словачка е обезбеден чартер лет, со што на репрезентативците им се овозможени максимални услови и фокус пред натпреварот.

Во краткиот временски период избраниците на селекторот кирил лазаров ја подготвија тактиката која треба да ги однесе на мундијалот следната година.

Првиот, утрешниот натпревар словачки македонија ќе го играат во терминот од 19:00.

Реванш натпреварот во Скопје е закажан за во недела во СЦ ,,Борис Трајковски.” Картите за овој натпревар веќе одамна се пуштени во продажба по цена 400 и 500 денари