Трите синоќешни натпревар во НБА плеј-офот завршија со победи на гостинските екипи.
Најнеизвесниот натпревар се одигра во Хјустон каде ЛА Лејкерс по продолжение победија со 108-112.
Домашните кошаркари ја испуштија победата во регуларниот дел. Рокетс имаа 6 поени предност на 30 секудни пред крајот и посед на топка. Двете грепки ги казнија Маркус Смарт со три реализирани слободни фрлања и Леброн Џејмс со тројка. Леброн на секунда до крајот имаше и шут за победа но не погоди. Затоа во дополнителните пет минути, гостите од ЛА одиграа многу подобро од противникот и се радуваа на третата победа. Сега Лејкерси ги дели еден триумф од следната рунда во плеј-фот.
Леброн заврши со даблд-дабл со 29 поени и 11 скокови. Двоцифрени кај победникот беа и Хачимура со 24 и Смарт со 22 поени. Турчинот, Алперин Шенѓун за Хјустот реализира 33 поени, а имаше и 16 скокови.
Иако беше без својот најдобар кошаркар, Виктор Вембањама, тимот на Сан Антонио славеше кај Портланд со 108-120.
Домашниот тим на средината на третата четвртина имаше и 15 поени предност, но Спари тоа го надополнија и поведоа. Во последната, гостите од Тексас одиграа брилијантно, и ја вратија предноста сега на 2:1 во победи во своја полза.
Кастел со 33 поени и Харпер со 27 поени и 10 скокови беа творци на оваа победа на Спарс. И следниот натпревар ќе се игра на теренот на Треилблејзерс.
Успешната вечер на гостите ја најави Бостон со триумфот кај Филаделфија со 100-108.
По двата порази на домашен терен, Селтикс конечно одиграа натпревар каков што се очекуваше од нив. Делот во кој двата тима често се менуваа во водство, најголемата предност изнесуваше +10 за Бостон. Гостинскиот состав имаше подобар финиш и заслужено се радуваше на победата.
Џејлен Браун и Џејсон Тејтјум имаат идентични бројки на крајот, а двајцата постигнаа по 25 поени. Браун додаде 7 скока и 4 асистенции, а Тејтјум 7 асистенции и 4 скока.
И следниот натпревар ќе се игра во Филаделфија веќе во понеделник во 1 часот.
































