Актуелниот шампионот тетовска Шкендија направи чекот поблиску до пласман во финалето на Купот на Македонија.
Тетовци го добија првиот полуфинален дуел против арачиновска Шкендија. На натпреварот во Тетово, двата тима прикажаа добар фудбал во кој имаше два пресврт, за на крајот да се радуваат домаќините со 3:2.
Домашниот тим уште на самиот старт дојде до предност. Веќе во втората минута, судијата Бенјамин Керими покажа на белата точка. Трумчи беше сигурен реализатор на најстрогата казна за тетовци и водство од 1:0. Сепак второлигашот не се откажа, напротив, во првиот дел успеаја дири и да направат комплетен пресврт. Во 30.минута преку Амир Нухија израмни на 1:1. Во финишот односно 43.минута Љиварека со ефектен гол донесе водство на арачиновци од 1:2.
Во вториот дел шампионот заигра многу подобро. Веќе во 54.минута Крстевски го израмни резултатот, а во 69-тата Мелиќи одново донесе предност на тетовци со 3:2.
Реванш натпреварот во Скопје ќе се игра на 6 мај, за кога е закажан и реваншот во Кратово. Во него Силекс и Охрид Лихнидост ќе тргнат од „нула“ откако попладнево во Охрид одиграа без победник 1-1.



































