Првиот полуфинален натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија одигран во Охрид заврши без победник,. па реваншот во Кратово ќе решава за финалистот.
На стадионот „Биљанини извори“, екипите на Охрид Лихноидос и Силекс одиграа нерешено 1-1. Двата гола беа постигнатги во првото полувреме.
Домашниот тим ја искористи првата своја шанса, а по заспаноста на гостинската одбрана Иван Глигоров во 36.минута донесе водство за Охрид од 1-0. Само што почна судиското дополнување на првиот дел Адкин Алиќ по нафрлувањето на Додев го израмни резултатот на 1-1.
Во вториот дел двата тима се обидуваа да стигнат до втор погодок, создадоа по неколку шанси, но резултатот остана не променет. Најзрелата можност и тоа за гостите ја пропушти Додев во 75-тата минута.
Денеска ќе се игра и вториот полуфинален меч. Во Тетово од 14 часот запенува дуелот на двете Шкендии во кој шампионскиот тим на тетовчани е домаќин на Арачиновската екипа.
Реванш натпреварите во Кратово и Скопје ќе се играат на 6 мај.



































