Македонската ракометна легенда Стојанче Стоилов ќе ја почне својата тренерска кариера.

Тој денеска беше промовиран во нов тренер на скопскиот клуб Бутел, a потпиша договор на две сезони.

„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје.

Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци.

Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополни „ростерот„ со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари“ изјави новиот стратег на клубот, Стоилов.

Легендарниот македонски репрезентативец веќе подолг период е во тренерските води.

Стоилов на два натпревари го водеше и РК Вардар и тоа во дуелите со Еурофарм Пелистер. Сепак раководството на Вардар не се речи минатото лето да му даде шанса, па популарниот Столе се повлече од клубот.

Тој е дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров во македонската сениорска репрезентација.

Стоилов ќе седне на „кормилото“ на суперлигашот Бутел, а на местото на Горан Кузманоски, кој ќе ја одработи оваа сезона до крај, а потоа Столе ја презема работата во свои раце.