Првата машка кошаркарска лига веќе влезе во фазата на ТОП-8. Во неа, осумте екипи разигруваат за место во плејофот, преку кој ќе се брка суперлигашки статус.
пет од шесте прво рангирани екипи имаат по 11 бодови, па затоа денешните дуели ќе бидат исклучително важни.
Лидерот Струмица си ја заврши својата работа со вчерашната победа на Водно санс, па сега има два бода повеќе во однос на конкурентите.
Денешните натпревари во Скопје и Штип се меѓу екипите кои имаат ист „скор“. Во скопското дерби Бутел ќе го пречека Вардар, додека во Штип кај Соколи гостува прилепски Мега баскет.
Истовремено во Велес, Борец која е во трка за плејоф позициите, ќе биде домаќин, на во моментов последно пласираниот Охрид кој заостанува два бода.
Сите три денешни натпревари ќе почнат во терминот од 18 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – 2 КОЛО
недела 22. февруари
18.00: БОРЕЦ БАСКЕТ – ОХРИД
18.00: БУТЕЛ – ВАРДАР
18.00: СОКОЛИ– МЕГА БАСКЕТ
сабота 21. февруари
СТРУМИЦА – ВОДНО САНС 102-80
ТАБЕЛА
1.Струмица ФМП 13 бодови (5-3 победи-порази)
2.Соколи 11 (4-3)
3.Бутел 11 (4-3)
4.Мега баскет 11 (4-3)
5.Вардар 11 (4-3)
6.Борец баскет 11 (4-3)
7.Водно санс 10 (2-6)
8.Охрид 9 (2-5)



































