Дерби натпреварот од 19.коло во Првата фудбалска лига, се одигра попладнево во Кратово. Во него, шампионот Шкендија славеше победа над домашниот Силекс со 1-2.
Натпреварот започна со иницијатива на гостите од Тетово. Таквата игра донесе и ефект кога Тамба во 16-тата минута ја затресе мрежата на кратовци, за водство на Шкендија од 0-1.
во 42,минута можеше да биде и 0-2 но ударот на Алхасан заврши во гредата на голот на Џеков. Во продолжението на акцијата се обиде и Тамба, но домашниот голман го одбрани неговиот удар.
Затоа во 45.минута, Бутуровиќ на спротивната страна го искористи поклонот од гостинските фудбалери и израмни на 1-1.
Во вториот дел двата тима играа отворено и напаѓачки. Силекс создаде повеќе добри шанси за гол, но ниту еден не успеа да искористи. Затоа на спротивната страна следуваше казна кога Зендулаји во 89-тата минута погоди за 1-2 за Шкендија.
Шкендија се врати на 2.место на табелата со три бода повеќе од Струга, а шест помалку од лидерот Вардар. Тимот на Силекс остана на четвртата позиција на табелата.
Покрај овој натпревар денеска се игра и дуелот Шкупи – Арсими, а утре Македонија ЃП и Тиквеш ќе ја заокружат оваа рунда.




































