Еден трофеј, а осум желби да биде освоен, во новото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Од денеска до недела во Куманово ќе се игра завршниот турнир, на кој настапуваат осумте најдобри екипи од првенството.

Трофејот, ќе го брани МЗТ Скопје, кој ќе се обиде четврти пат да го стори тоа, и да дојде до вкупно 14-тата титула. Патот до него аеродромци ќе го почнат со дуелот против „лутиот“ ривал Работнички. Барем на хартија, ова треба да е најинтересниот натпревар во четвртфиналната рунда.

Сепак, реално, за очекување е последниот, меѓу Куманово и битолски Пелистер, да биде дерби на оваа рунда.

Во останатите дуели, вицепрвакот ТФТ е во улога на фаворит во дуелот со Феникс, а Кожув и Маџари влегуваат со израмнети шанси за полуфинале.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – петок 13.февруари
12.00 ТФТ – ФЕНИКС
14.30 МЗТ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
17.00 КОЖУВ – МАЏАРИ
19.30 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО
ПОЛУФИНАЛЕ – сабота 14.февруари
17.00 ТФТ/Феникс – Пелистер/Куманово
19.30 МЗТ Скопје/Работнички – Кожув/Маџари
ФИНАЛЕ – Недела, 15.февруари
19.00 часот

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇