Двомесечната пауза во домашното фудбалско првенство заврши.

Денеска почнува пролетниот дел од сезоната во Првата лига. На програмата се дуелите од 17 коло кои го носи и првото дерби.

Во Тетово, шампионот и трето рангиран тим на табелата Шкендија ја пречекува екипата на Струга Трим Лум која е на второто место. Тетовци веќе имаат заостанување зад конкурентите во трката за титулата, па доколку сакаат да ја одбранат, не смеат да си дозволат да губат бодови. Шкендија има 36 бодови, пет помалку од стружани, а шест помалку од лидерот Вардар. Затоа овој натпревар со големо внимание ќе го следат и скопјани кои утре ќе играат против Арсими.

Дербито во Тетово ќе почне од 14 часот, термин во кој ќе стартува и натпреварот во Кавадарци, каде Шкупи во улога на „домаќин“ ќе игра против Тиквеш.

ПРВА ЛИГА – 17 КОЛО

Вторник (10 февруари)
14.00 ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
14.00 ШКУПИ – ТИКВЕШ (Kaвадарци)
Среда (11 февруари)
13.00 ВАРДАР – АРСИМИ (терен ФФМ)
14.00 СИЛЕКС – БАШКИМИ
Четврток (12 февруари)
13.00 БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
14.00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ